ВЕЛИГДЕНСКИ ВЕНЕЦ СО ЛЕШНИЦИ
СОСТОЈКИ
ЗА ТЕСТО : 500 гр. брашно, 1 кесичка сув квасец, 60 гр. шеќер, 250 мл. млако млеко, 60 гр. путер, 1 јајце, сол, рендана кора од лимон
ЗА ФИЛ : 300 гр. мелени лешници, 100 гр. суви кајсии, 80 гр. шеќер, 3 лажици рум
И УШТЕ : жолчка, лажица млеко, 2 лажици џем од кајсии
ПОДГОТОВКА
Брашното заедно со другите состојки помешајте го во поголем сад и замесете тесто. Потоа покријте го тестото и оставете го на топло место да стаса околу 30 минути.
Добро измешајте ги сите состојки за филот, па ако филот е премногу густ, додадете уште една лажица рум. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Кога тестото ќе нарасне расучете го тестото на претходно посипано брашно. Исечете го на три ленти со должина од околу 60 цм. Подготвениот фил намачкајте го на тестото, а при тоа оставете еден крај слободен. Тестото роловајте го од подолгата страна, и добиените три ленти, исплетете ги во плетенка и обликувајте венец. Приготвениот венец ставете го во тавче обложено со масна хартија. Жолчката ставете ја во сад и помешајте ја со лажица млеко, а потоа со нив премачкајте го венецот. Потоа, ставете го да се пече 45 минути. Испечениот венец ставете го на решетка да се излади. Џемот загрејте го и испасирајте го, а потоа премачкајте го венецот. По желба, венецот можете да го украсите со шеќер во прав, кандирано овошје или вапцани велигденски јајца.
ДОБАР АПЕТИТ !
ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment