PROFITEROLES
( ФРАНЦИЈА )
Profiteroles е француски ладен десерт. Името " profiteroles " потекнува од зборот профит. Се до XI век овој збор се употребувал за да означи мал дар, подарок.
ПОДГОТОВКА
( КОЛИЧИНА ЗА 8 ЛИЦА )
40 мали принцес-крофни, 75 цл. сладолед од ванила, 40 цл. крем за profiteroli.
Пресечете ја секоја принцес-крофна од една страна и наполнете со сладолед. Ставете во замрзнувач за да не се растопи сладоледот. Во 8 купа ставете по 5 крофници и прелијте ги со топол крем.
КРЕМ : Во еден сад ставете 2 дл. вода и 180 гр. шеќер во прав. Оставете да проврие. Потоа овој сируп сипете го малку по малку, постојано мешајќи, преку 60 гр. какао во прав. Ставете на средна температура и додадете 100 гр. слатка павлака. Штом ќе почне да врие тргнете од оган.
ДОБАР АПЕТИТ
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment