НАПРАВЕТЕ МАСКА ОД ЈАБОЛКА И МЕД
Доколку ве измачува умор и стрес, тогаш најдобра маска за вас е маската од јаболка и мед.
Јаболката е богата со шеќер, пектини, витамини А, Б, Ц, натријум.
Јаболките ги имаме во изобилство, па затоа многу лесно и едноставно можете да ја направите оваа маска која ќе ја подмлади вашата кожа.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
1 јаболка, 2 лажички мед, 1 жолчка ( за сува кожа ) или белка ( за масна кожа ), 1 лажица масло.
Маската се подготвува така што јаболката се ренда или пече, па се гмечи со додаток на жолчка или белка во зависност од типот на кожата, медот и маслото. Се меша додека смесата не се соедини. Сите овие состојки можете да ги измешате и во блендер.
Маската треба да делува 15 минути, а се употребува 2 пати неделно.
Со редовна употреба ќе го почувствувате благотворното дејство на јаболката, а вашата кожа ќе стане мека на допир, затегната и подмладена.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment