КАКО ДА ГО ПОБЕДИТЕ СТРАВОТ ОД ОБВРСКИ И МОЖЕН НЕУСПЕХ !
Смислата на животот е онаа која вие ќе му ја дадете. Секојдневно вие носите одлуки за тоа што ќе преземете. Тоа понекогаш ви носи привилегии и чувствувате задоволство, но понекогаш мора да се соочите и со одредени неуспеси со кои треба да се справите. Стравот од неуспех е тој кој што ве одвраќа секогаш кога ќе сакате да се соочите со одреден проблем кој треба и мора да го решите, па во моментот прибегнувате кон одлагање и игнорирање на истиот. Се залажувате себе си дека тој ќе исчезне, доколку доволно долго го игнорирате, но тоа нема да се случи. Она што ќе се случи е тоа дека обврската која сте ја игнорирале, за вас ќе претставува уште поголем товар, кој вие нема да бидете во состојба да го решите, затоа што сте избрале да живеете дефанзивно и потполно сте ја изгубиле вербата во себе дека сте способни, храбри и одлучни да се фатите во костец со сите ваши обврски и проблеми.
Запомнете дека се додека една обврска или проблем не започнете да ја игнорирате, таа е само обврска или проблем, а не страв !
Храброста незначи отсуство на страв, туку значи да донесеш одлука дека нешто друго е поважно од стравот !
Се повлекувате пред обврските избегнувајќи конфликтни ситуации. Ова го применувате како резултат на недостиг од самодоверба дека можете да се справите со можен негативен исход од решавањето на проблемот. Но самоуверени луѓе, не се оние кои знаат со сигурност дека ќе успеат, туку оние кои знаат дека ќе се справат со неуспехот, доколку се случи. Се додека го одложувате решавањето на обврските, вие ќе чувствувате се поголем страв од неуспех.
Друга можна причина за вашето повлекување пред обврските е стравот од промени. Веќе востановените навики и начин на живеење кој го практикувате, тешко се менува, но секако тоа е можно, доколку имате зацртано јасна цел пред себе. Пред вас стои некоја важна задача која, доколку ја решите, може целосно да ви го промени животот, но ден по ден, недела по недела, пронаоѓате разноразни оправдувања да не почнете и на крај, можно е и да се откажете, а желбата и сонувањето за остварување на истата остануваат и понатаму ваш копнеж.
Не дозволувајте стравот да зачекори по вашиот пат кон успехот !
ЗАТОА ИЗБЕРЕТЕ ХРАБРОСТ !
Ако изберете храброст, тогаш стравот кој што го чувствувате, нема да има повеќе моќ да ви ги руши соништата и да ви ја одзема мотивацијата.
" Храброста е најважна од сите особини, бидејќи без храброст, не можете да практикувате било која доблест доследно " !
- MAYA ANGELOU -
И на крајот возбудата и уживањето кои го прават животот исклучително искуство, им припаѓаат на оние со храброст да ги надминат своите стравови и да ги остварат своите соништа !
СЕ ПРАШУВАТЕ КАКО ?
ЕВЕ НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ :
- Најпрво размислете и откријте од што точно стравувате
- Признајте си себе си дека стравот е тој кој ве одвраќа од активност
- Само откако ќе станете потполно свесни за причините кои ве одвраќаат од решавање на обврските, можете да пристапите кон следниот чекор
- Следниот чекор е да размислите за тоа што добивате, а што губите со непреземање активност
- Потребно е да извлечете заклучок дека и покрај чувството на страв, она што мора да се направи е поважно од стравот
- Научете да се носите со неуспесите и сфатете го неуспехот како искуство кое сте го стекнале, а може да ве доведе до посакуваната цел. Или како што кажал НАПОЛЕОН " ПОРАЗОТ Е ПРВИОТ ДЕЛ ОД ПОБЕДАТА "
- Направете листа на приоритетни обврски кои чекаат решавање. Започнете со обврска која не бара многу големи ангажмани, па доколку успешно ја решите, таа ќе ви даде ветер во грбот за следната, односно веројатно многу полесно ќе се охрабрите да се фатите за решавање и на некоја посложена обврска.
- И на крајот, запомнете не постои човек кој не чувствува одредена доза на страв кога треба да преземе нешто, но разлика постои, што оние кои успеваат добро го контролираат својот страв, упорни се и знаат да преживеат и кога ќе доживеат неуспех.
ИЗБЕРЕТЕ ХРАБРОСТ !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment