НАПРАВЕТЕ СООДВЕТНА ПОДГОТОВКА НА МЕСОТО
ПРЕД ДА ГО ГОТВИТЕ
За да добиете најдобар вкус на месото потребно е да го подготвите на правилен начин. Тоа не подразбира само строго да се придржувате до рецептот, туку потребно е и да ги примените овие мали совети, па да добиете совршен вкус на месото.
- Сите видови на месо, а особено говедското, пред готвење потребно е да го исчукате со дрвен или метален толчник, за да се изедначи дебелината на месото и месото да омекне. Пред толчењето месото ставете го во најлонска фолија за да кујната ви остане чиста.
- Ако месото се готви за супа, потребно е да ставите ладна вода, бидејќи така супата ќе биде поубава и поквалитетна. За да месото ги задржи сите хранливи состојки гответе го во вода која врие и не ја вадете пената, бидејќи таа содржи белковини.
- Пред динстање или печење, месото треба да се посоли, да се втријат зачините и веднаш да се пропржи на масло за да белковините се згрушат и создадат корка која ќе ги задржи соковите внатре во месото.
- Свинското месо ќе добие крцкава корка, доколку пред крајот на печењето малку да се посоли и да не се полева со сокот во кој се пече, или ако се полева тогаш тоа треба да се прави со ладна вода и да се допече во јако загреана рерна.
- Свинското месо кое планирате да го печете исто така ќе има совршен вкус доколку сите зачини ги втриете одвечер, сол, бибер, сушен зеленчук ( вегета ), малку лук, малку морков, магдонос, масло, бело вино. По желба можете парчињата свинско да ги намачкате со малку сенф. Вака подготвеното свинско месо потребно е да одстои цела вечер, па потоа да се пече.
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ