Saturday, January 18, 2014

КАКО ДА ГИ НАШМИНКАТЕ ВАШИТЕ УСНИ ?


МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ НАШМИНКАТЕ ВАШИТЕ УСНИ ?

За да постигнете полн ефект при шминкањето потребно е правилно да го нанесете карминот и да ги прикриете сите неправилности на усните доколку постојат. За шминкање на усните се користи молив за оцртување на контури, кармин во соодветна боја и сјај за усни. Усните се најубави кога се шминкаат со кармин во облик на крем, а тоа воедно е и најпрецизниот и најрамномерниот начин за шминкање на усните. Карминот во облик на крем се нанесува со помош на фина тенка четкичка. Таков начин на шминкање користат професионалните шминкери, а и оние жени кои на шминкањето му посветуваат посебно внимание. Меѓутоа, нанесувањето на кармин со четкичка бара и соодветни услови, па не е особено згодно за поправка на шминката во текот на денот.

ИЗБОР НА КАРМИН

При купување на кармин треба да обрнете внимание на неговиот квалитет. Квалитетниот кармин нема да се собира во наборите на усните ниту ќе се размачкува. Ако карминот сепак се размачкува тоа може да се ублажи така што после првото премачкување на усните се нанесе тенок слој пудра во прав, па дури тогаш втор слој кармин. Исто така, при купување на кармин е важно да водите сметка и за бојата, односно за фактот дека бојата на карминот се менува на усните. Затоа бојата задолжително мора да се испроба и тоа најдобро на оние делови на прстите кои имаат розевкаста боја.
Кармините се прават во голем број на бои, од сосем светли до многу темни. На изборот на бојата влијаат многу фактори-од модата, гардеробата и фризурата до желбата да се истакне некој дел од лицето или да се прикрие некој недостаток.


ШМИНКАЊЕ НА ВАШИТЕ УСНИ

Шминкањето на усните започнува со исцртување линии на усните со специјален молив, бидејќи контурите на усните заради претходно нанесена подлога и пудра се нејасни. Освен тоа, користењето на молив за усни помага карминот што подолго да се задржи на усните. После цртањето на контурите се нанесува кармин, најдобро со четкичка. За користење на четкичка потребна е голема вештина, но затоа пак ефектот е најдобар. Прво се нанесува тенок слој за нијанса потемен од постојаниот кармин, па дури потоа се нанесува кармин во бојата која е во склад со целокупната шминка. Вишокот се впива со хартиена марамица, а потоа уште еднаш се нанесува кармин или сјај, со тоа што сјај никогаш не се става до ивиците на усните за да карминот не се размачкува и контурите на усните останат јасни. Ставање сјај во нијанса на карминот особено е пожелно доколку усните се суви или карминот е со лош квалитет.
И, на крајот, треба уште еднаш да се напомене дека нашминканите усни се највоочливи на лицето и дека само убава и грижливо нанесена шминка, може да остави впечаток на елеганција и рафинираност кои ги посакува секоја жена.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ








No comments:

Post a Comment