НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ
Љубовта е емоција која може да ни подари најголема среќа, но исто така може да не втурне во најдлабока несреќа. Таа е апстрактно чувство, движечка сила, комплексна и контрадикторна, но истовремено и најблескава,магична, поседува магнетна сила, без неа не се може, животот би бил безсмислен и неинтересен. Љубовниот однос почива на следните работи : љубов, совпаѓање на душите, взаемно почитување, разговор, комуникација, споделување, верност, несебичност, длабока приврзаност..... доколку изостануваат овие нешта, јасно е дека доаѓа до разочарување, чувство на болка од невозвратената љубов, а тогаш вие се чувствувате потиштено, разочарано, безволно, апатично и немате сила да продолжите понатаму со животот.
Во животот често се случува љубовта да остане невозвратена. Но треба да се знае дека љубовта започната како ракета може многу брзо да падне и да се удри од земја. Љубовта изградена исклучиво со помош на сетилата неможе да потрае. За да љубовта биде постојана секој од партнерите треба во односот да ја внесе својата почетна и силна среќа. Се чувствувате несреќни затоа што момчето не ве сака и ве игнорира. Но и патењето можете да го сфатите како вид на искуство во животот. Можно е од ова патење да излезете позрели и поспособни за да подоцна во животот решавате многу љубовни проблеми кои ќе бидат пред вас. " Треба да се подаде рака за помош, но и да се увиди дека секој треба и мора да се разбуди на свој начин и во свое време, а вие и вашето момче не сте се разбудиле истовремено. Ако индивидуата стекне внатрешна стабилност и пријатност, задоволството стекнато од љубовниот однос станува дополнителна радост. Таквиот поединец не зависи од друг кога се работи за стабилни чувства за себе и внатрешна исполнетост. Оваа самостојност ги ослободува љубовниците да не бараат премногу еден од друг, бидејќи веќе располагаат со основната среќа, а тоа истовремено ги штити од разочарувања и лутења, до кои доаѓа кога барањата нема да бидат услишени.Доколку сте навредени и се чувствувате повредено, за тоа разговарајте отворено, наместо да се затворате во себе и да молчите. Ако своите чувства ги искажете и со тоа ја критикувате саканата личност, само ќе и помогнете да се развие и да ја подобри својата самодоверба.
Вистинската љубовна врска никогаш неможе да опстане со " мораш " и " не смееш ". Сите ние сакаме да бидеме љубени, но и да слушаме дека сме љубени. Доколку мислите дека безвредно е да се живее без саканата личност, односно се соочувате со невозвратена љубов единствен совет во ваков случај е да престанете да размислувате за безвредноста на живеењето и да најдете начин како себе си ќе се ангажирате со други нешта. Можете да читате, да спортувате, да излегувате и да се дружите, бидејќи не можете љубовта да ја пронајдете седејќи дома. Со тоа вие ќе му дадете нов смисол на вашиот живот и ќе си отворите нови можности за нова вистинска љубов која несомнено ја заслужувате, а не ви прилега да седите и лелекате заради невозвратената љубов од страна на вашето момче, бидејќи некој доколку ве сака и му значите ќе пронајде начин како да биде со вас и нема да бара оправдување и начин како да се тргне од вас. Кога се наоѓате во ваква ситуација единственото нешто што треба да го направите е што побрзо таа личност да ја заборавите и да сватите дека тој е рамнодушен спрема вас. Седејќи дома и плачејќи за невозвратената љубов вие губите драгоцено време од вашиот живот и со тоа пропуштате шанса да ја пронајдете вистинската сродна душа која ќе ве љуби. Следен совет е да не ги покажувате на околината своите чувства. Своите чувства чувајте ги за себе и трудете се тоа да не ви пречи во обавувањето на секојдневните работи. Треба да покажете дека сте доволно возрасни и паметни да не си го нарушите здравјето, мирот и угледот во средината во која живеете. На крајот на краиштата личноста која не ви ја возвратила љубовта очигледно не пати и не си го губи времето во осаменост.
На крајот треба да разберете дека нема да имате никаква корист од тоа да седите и лелекате, напротив ќе имате повеќекратна штета. Затоа после кусиот период на разочараност смогнете сила и храбро станете и земете го животот во свои раце и развијте ја својата личност, а невозвратената љубов сметајте ја како дел од вашето созревање, како стекнато искуство и после сето патење вие ќе бидете посилни.
Да го живееме животот, значи дека умееме да се прилагодиме !
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
No comments:
Post a Comment