Wednesday, January 29, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПРИРОДЕН ЛЕК СО КОЈ ЌЕ ГО ПОБЕДИТЕ ЛАРИНГИТИСОТ ?


НАПРАВЕТЕ ПРИРОДЕН ЛЕК СО КОЈ ЌЕ ГО ПОБЕДИТЕ ЛАРИНГИТИСОТ ?
( ЛЕК ОД ДР. ДЈУК )


Ларингитисот е ( запаление на гркланот ) пропратено со чувство на сувост, кашлица и болка во грлото. Др. Џим Дјук експерт за примена на билки во медицината, вели дека неколку намирници содржат состојки кои можат да помогнат да го победите ларингитисот. Тој вели : " би пиел сок од ананас во кој ќе ги додадам помеѓу два прста следните состојки : ѓумбир, морски оревчиња, рузмарин и коњски босилек, како и малку сладок корен како засладувач. Сите овие состојки се народни, но научно признати лекови, вели тој. Можете да додадете и мајчина душица, која исто така е лековита. Ако имате висок крвен притисок изоставете го слаткиот корен.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




КАКО ДА НАПРАВИТЕ МОЌЕН СИРУП ОД КРОМИД СО КОЈ ЌЕ ЈА ПОБЕДИТЕ КАШЛИЦАТА ?



НАПРАВЕТЕ МОЌЕН СИРУП ОД КРОМИД СО КОЈ ЌЕ ЈА ПОБЕДИТЕ КАШЛИЦАТА !



ПОДГОТОВКА

Ставете 6 исечени главици кромид во сад за готвење на пареа и додадете пола шоља мед. Варете 2 часа на умерена температура и процедете. Конзумирајте во правилни интервали, најдобро топло.
Ова го советуваат Michael Murray и Joseph Pizzorno во нивната книга " Енциклопедија на природна медицина ".

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Sunday, January 26, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ СОК КОЈ ГО ЧУВА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ?


НАПРАВЕТЕ СОК СО КОЈ ЌЕ ГО СОЧУВАТЕ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ !
( ЦВЕКЛО )

Цвеклото е билка богата со здрави состојки. Тоа го снабдува  телото со енергија, минерали и витамини кои му се неопходни. Цвеклото е одамна позната лековита билка. Треба секојдневно да се конзумира, најдобро во вид на салата или свежо исцеден сок, бидејќи со готвење ги губи хранливите состојки и лековитото својство. Заради богатството на јаглени хидрати, цвеклото  му дава огромна енергија на телото. Покрај минералите и јаглените хидрати богато е и со масти, белковини и витамини, Б 12, А, Ц, Б1, Б2.
Заради своето познато лековито својство се користи и во современата медицина. Основната примена му е во лечење тумори и леукемија. Потоа за лечење грип во почетен стадиум, а се користи и за регулација на крвниот притисок. Позитивно делува кај слабокрвните и кај  децата.


ПОДГОТОВКА НА СВЕЖО ИСЦЕДЕН СОК КОЈ НА ТЕЛОТО 
ЌЕ МУ ОБЕЗБЕДИ ОГРОМНА ЕНЕРГИЈА

Во соковник ставете 4 јаболки, 3 моркови, 2 цвекла, 1 портокал, малку ѓумбир во прав. Вака приготвениот енергетски напиток конзумирајте го барем еднаш неделно. За многу кусо време ќе ги почувствувате благодетите од овој лековит пијалак.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




 

Saturday, January 25, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОМАШЕН СИРУП ЗА БОЛНО ГРЛО И КАШЛИЦА ?


НАПРАВЕТЕ ЕФИКАСЕН ДОМАШЕН СИРУП ЗА БОЛНО ГРЛО И КАШЛИЦА !



На оган растопете четири лажици шеќер и четири лажици млеко или вода. Потребно е да мешате се додека не добиете густ сируп. Потоа тргнете од оган и додадете четири лажици мед, две лажици масло или путер и еден исцеден лимон. Се пие во мали голтки.
Благотворноста на овој домашен сируп ќе ја почувствувате за кусо време.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ







Thursday, January 23, 2014

КАКО СЕ СТАВААТ ВЕШТАЧКИ ТРЕПКИ ?


МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СТАВИТЕ ВЕШТАЧКИ ТРЕПКИ ?

( ЕДНА ПО ЕДНА )

МАТЕРИЈАЛ

  1. Специјален лепак за вештачки трепки
  2. Долга забарска пинцета
  3. Вештачки трепки
  4. ножички
  5. стапче

ПОСТАПКА

Очните капаци и трепките треба да бидат суви. Од маснотија се чистат со вата наквасена во алкохолна вода. 
  • Се зема една трепка со пинцета и се сече подебелиот крај во пожелна должина спрема местото за кое е наменета.
  • Крајот кој е исечен се потопува во специјален лепак и се поставува во основата на вистинската трепка и се дава конечен облик.
  • Операцијата се изведува на полуотворено око.
  • Се почнува од лево и се оди кон десна страна.
  • Треба да се внимава трепките да не бидат премногу долги, а ставањето потребно е да се извежба.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ





Sunday, January 19, 2014

КАКО ДА НАПРАВИТЕ БРЗИ ПИРОШКИ ?



ПОДГОТВЕТЕ БРЗИ И ВКУСНИ ПИРОШКИ

СОСТОЈКИ

4 јајца, 250 гр. јогурт или кисело млеко, 12 полни лажици брашно, половина лажичка сол, лажица шеќер и прашок за печиво.


ПОДГОТОВКА

Јајцата добро се матат, се додава јогуртот, брашното, прашокот за печиво, сол и шеќер. Од добро измешаната маса се зема со лажица малку, се издолжуваат формите и се пржат во врело масло. Пирошките можат да се служат со рендано сирење, кашкавал или да се премачкаат со крем сир. По желба и вкус може да се јадат и благи.

ДОБАР АПЕТИТ !

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ




КАКО ВИНОТО ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО ?



КАКВА МОЌ ИМА ВИНОТО ?



Во умерени количини- чаша или две на ден-корисно е за кардиоваскуларниот систем. И црното и белото вино го зголемуваат корисниот ХДЛ холестерол, кој го штити срцето. Црното вино, се чини дека посебно делува против заболувања на срцето, крвните згрутчувања и мозочен удар, бидејќи грозјето содржи супстанци кои ја разредуваат крвта. Го зголемува нивото на естрогенот, кој може да го зголеми својството на виното да го покачи корисниот ХДЛ холестерол. Ги убива бактериите и ги инхибира вирусите. Може да делува и против камен во жолчната кеса. Црното вино кај некои луѓе предизвикува главоболка. Претерани количини, заради алкохолот, можат да предизвикаат оштетување на срцето, црниот дроб и на мозокот.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



Saturday, January 18, 2014

КАКО ДА ГИ НАШМИНКАТЕ ВАШИТЕ УСНИ ?


МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ НАШМИНКАТЕ ВАШИТЕ УСНИ ?

За да постигнете полн ефект при шминкањето потребно е правилно да го нанесете карминот и да ги прикриете сите неправилности на усните доколку постојат. За шминкање на усните се користи молив за оцртување на контури, кармин во соодветна боја и сјај за усни. Усните се најубави кога се шминкаат со кармин во облик на крем, а тоа воедно е и најпрецизниот и најрамномерниот начин за шминкање на усните. Карминот во облик на крем се нанесува со помош на фина тенка четкичка. Таков начин на шминкање користат професионалните шминкери, а и оние жени кои на шминкањето му посветуваат посебно внимание. Меѓутоа, нанесувањето на кармин со четкичка бара и соодветни услови, па не е особено згодно за поправка на шминката во текот на денот.

ИЗБОР НА КАРМИН

При купување на кармин треба да обрнете внимание на неговиот квалитет. Квалитетниот кармин нема да се собира во наборите на усните ниту ќе се размачкува. Ако карминот сепак се размачкува тоа може да се ублажи така што после првото премачкување на усните се нанесе тенок слој пудра во прав, па дури тогаш втор слој кармин. Исто така, при купување на кармин е важно да водите сметка и за бојата, односно за фактот дека бојата на карминот се менува на усните. Затоа бојата задолжително мора да се испроба и тоа најдобро на оние делови на прстите кои имаат розевкаста боја.
Кармините се прават во голем број на бои, од сосем светли до многу темни. На изборот на бојата влијаат многу фактори-од модата, гардеробата и фризурата до желбата да се истакне некој дел од лицето или да се прикрие некој недостаток.


ШМИНКАЊЕ НА ВАШИТЕ УСНИ

Шминкањето на усните започнува со исцртување линии на усните со специјален молив, бидејќи контурите на усните заради претходно нанесена подлога и пудра се нејасни. Освен тоа, користењето на молив за усни помага карминот што подолго да се задржи на усните. После цртањето на контурите се нанесува кармин, најдобро со четкичка. За користење на четкичка потребна е голема вештина, но затоа пак ефектот е најдобар. Прво се нанесува тенок слој за нијанса потемен од постојаниот кармин, па дури потоа се нанесува кармин во бојата која е во склад со целокупната шминка. Вишокот се впива со хартиена марамица, а потоа уште еднаш се нанесува кармин или сјај, со тоа што сјај никогаш не се става до ивиците на усните за да карминот не се размачкува и контурите на усните останат јасни. Ставање сјај во нијанса на карминот особено е пожелно доколку усните се суви или карминот е со лош квалитет.
И, на крајот, треба уште еднаш да се напомене дека нашминканите усни се највоочливи на лицето и дека само убава и грижливо нанесена шминка, може да остави впечаток на елеганција и рафинираност кои ги посакува секоја жена.


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ








КАКО ДА ГИ КОРЕГИРАТЕ ВАШИТЕ УСНИ ?


КОРЕКЦИЈА НА УСНИ

Карминот од секогаш бил едно од најчесто употребуваните средства за разубавување. Повеќето жени во својот прибор за шминкање имаат барем неколку кармини со разни нијанси. Но малкумина од нив знаат дека нанесувањето на кармин не е едноставна постапка и дека бара вештина и време, особено ако кармините се во светли бои, бидејќи тогаш сите неправилности и непрецизности се видливи. За шминкање на усните потребно е да се користи молив за цртање контури, кармин во соодветна боја и сјај за усни.


МАЛИ СОВЕТИ ЗА КОРЕКЦИЈА НА УСНИ

  • Дебелите усни ќе изгледаат помали, ако се употреби светол кармин, а бојата да се сконцентрира на средината на усните.
  • Тенките усни ќе изгледаат пополни, ако контурите се оцртаат над самата ивица на усните, а потоа да се пополни со кармин и сјај.
  • Ако една усна е значително потенка од другата треба да се употреби кармин во два тона и сјај за усни. Посветлиот тон и сјај се нанесува на потенката усна, а потемниот на пополната усна.
  • Усните завиени надоле можат на лицето да му дадат тажен израз. Таквиот впечаток може да се поправи, ако при оцртувањето на контурите на долната усна линијата да се продолжи малку повеќе, а на горната усна карминот да не се нанесе сосем до аглите на усните.

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ



Friday, January 17, 2014

КАКО ДА ЈА НАДМИНЕТЕ БОЛКАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ ?



НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ

Љубовта е емоција која може да ни подари најголема среќа, но исто така може да не втурне во најдлабока несреќа. Таа е апстрактно чувство, движечка сила, комплексна и контрадикторна, но истовремено и најблескава,магична, поседува магнетна сила, без неа не се може, животот би бил безсмислен и неинтересен. Љубовниот однос почива на следните работи : љубов, совпаѓање на душите, взаемно почитување, разговор, комуникација, споделување, верност, несебичност, длабока приврзаност..... доколку изостануваат овие нешта, јасно е дека доаѓа до разочарување, чувство на болка од невозвратената љубов, а тогаш вие се чувствувате потиштено, разочарано, безволно, апатично и немате сила да продолжите понатаму со животот.  


Во животот често се случува љубовта да остане невозвратена. Но треба да се знае дека љубовта започната како ракета може многу брзо да падне и да се удри од земја. Љубовта изградена исклучиво со помош на сетилата неможе да потрае. За да љубовта биде постојана секој од партнерите треба во односот да ја внесе својата почетна и силна среќа. Се чувствувате несреќни затоа што момчето не ве сака и ве игнорира. Но и патењето можете да го сфатите како вид на искуство во животот. Можно е од ова патење да излезете позрели и поспособни за да подоцна во животот решавате многу љубовни проблеми кои ќе бидат пред вас. " Треба да се подаде рака за помош, но и да се увиди дека секој треба и мора да се разбуди на свој начин и во свое време, а вие и вашето момче не сте се разбудиле истовремено. Ако индивидуата стекне внатрешна стабилност и пријатност, задоволството стекнато од љубовниот однос станува дополнителна радост. Таквиот поединец не зависи од друг кога се работи за стабилни чувства за себе и внатрешна исполнетост. Оваа самостојност ги ослободува љубовниците да не бараат премногу еден од друг, бидејќи веќе располагаат со основната среќа, а тоа истовремено ги штити од разочарувања и лутења, до кои доаѓа кога барањата нема да бидат услишени.Доколку сте навредени и се чувствувате повредено, за тоа разговарајте отворено, наместо да се затворате во себе и да молчите. Ако своите чувства ги искажете и со тоа ја критикувате саканата личност, само ќе и помогнете да се развие и да ја подобри својата самодоверба.
Вистинската љубовна врска никогаш неможе да опстане со " мораш " и " не смееш ". Сите ние сакаме да бидеме љубени, но и да слушаме дека сме љубени. Доколку мислите дека безвредно е да се живее без саканата личност, односно се соочувате со невозвратена љубов единствен совет во ваков случај е да престанете да размислувате за безвредноста на живеењето и да најдете начин како себе си ќе се ангажирате со други нешта. Можете да читате, да спортувате, да излегувате и да се дружите, бидејќи не можете љубовта да ја пронајдете седејќи дома. Со тоа вие ќе му дадете нов смисол на вашиот живот и ќе си отворите нови можности за нова вистинска љубов која несомнено ја заслужувате, а не ви прилега да седите и лелекате заради невозвратената љубов од страна на вашето момче, бидејќи некој доколку ве сака и му значите ќе пронајде начин како да биде со вас и нема да бара оправдување и начин како да се тргне од вас. Кога се наоѓате во ваква ситуација единственото нешто што треба да го направите е што побрзо таа личност да ја заборавите и да сватите дека тој е рамнодушен спрема вас. Седејќи  дома и плачејќи за невозвратената љубов вие губите драгоцено време од вашиот живот и со тоа пропуштате шанса да ја пронајдете вистинската сродна душа која ќе ве љуби. Следен совет е да не ги покажувате на околината своите чувства. Своите чувства чувајте ги за себе и трудете се тоа да не ви пречи во обавувањето на секојдневните работи. Треба да покажете дека сте доволно возрасни и паметни да не си го нарушите здравјето, мирот и угледот во средината во која живеете. На крајот на краиштата личноста која не ви ја возвратила љубовта очигледно не пати и не си го губи времето во осаменост.
На крајот треба да разберете дека нема да имате никаква корист од тоа да седите и лелекате, напротив ќе имате повеќекратна штета. Затоа после кусиот период на разочараност смогнете сила и храбро станете и земете го животот во свои раце и развијте ја својата личност, а невозвратената љубов сметајте ја како дел од вашето созревање, како стекнато искуство и после сето патење вие ќе бидете посилни.
Да го живееме животот, значи дека умееме да се прилагодиме !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ











Sunday, January 12, 2014

КАКО ДА ЗНАЕТЕ НА КОГО ДА ВЕРУВАТЕ, А НА КОГО НЕ?



КОГА НЕКОЈ ВИ ВЕТУВА НЕШТО ДАЛИ ТРЕБА ДА МУ ВЕРУВАТЕ ?

Во текот на животот комуницираме со многу луѓе. Со некој сме во блиски пријателски односи додека со некој сме на дистанца. Со блиските пријатели комуницираме често и взаемно си помагаме и се почитуваме. Исто така добиваме и разни ветувања кои очекуваме да бидат исполнети, но дали треба да веруваме на оние кои лесно даваат ветувања или на оние кои тоа тешко го прават, односно ветувањето го даваат со двоумење или пак во одредени ситуации се оградуваат со образложение дека не можат да го исполнат. 


Не треба да се верува многу на оние кои лесно даваат ветување. Тоа значи дека може да се случи да не изневерат токму оние за кои нај малку се надеваме дека би не изневериле. Обично оние личности кои тешко даваат ветување секогаш земаат в предвид дека тоа ветување, може и да не се исполни заради " X " причини. Затоа тие тоа ветување го даваат со некое двоумење.Во секој случај тоа нивно двоумење на некој начин треба да ни дава одредена сигурност. Затоа треба помалку да им веруваме на оние кои постојано ветуваат.


" ОНОЈ КОЈ ТЕШКО ДАВА ВЕТУВАЊЕ, ПОВЕРНО ГО ОДРЖУВА "

                                                                                        - ГРОС -

ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ


Saturday, January 11, 2014

КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ВЕЧЕРНАТА ШМИНКА ?


ВЕЧЕРНА ШМИНКА

Вечерната шминка е понагласена од дневната. Тоа е шминка за излегување од 17 ч. во зима и 19 ч. во лето. Усните може да се оцртаат и во два тона и бојата на FOND DE TEINT ( основа за шминкање, односно изедначување на тенот ) да биде појачана. Руменилото да биде во складен тон со сенката за очи. Очите треба да се нагласат. Трепките не мора да се цртаат, може да се стави и вежтачки трепки. Пудрата треба да биде посветла.


РЕД НА ПРИМЕНА НА ПРЕПАРАТИ ЗА ВЕЧЕРНА ШМИНКА

  1. Вадење на шминката со млеко
  2. бришење на лице со лосион
  3. Се вади шминката со палома
  4. Ставање на основен крем
  5. Ставање на FOND DE TEIINT
  6.  Вршење исправки
  7. Пудра
  8. Наквасување на лицето за прозрачност
  9. Четкање на трепките и веѓите
  10. Цртање на очите и ставање сенка
  11. Ставање маскара или вештачки трепки
  12. Цртање на веѓите и усните
  13. Усните во два тона и премачкување на усните со сјај
Не заборавајте !

Шминката треба да разубави, а вечерната шминка треба да биде понагласена од дневната !
 
ПОТСЕТУВАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ, ДЕКА Е ВО РЕД ДА НЕ СТЕ СОВРШЕНИ !
 
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
 
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
 
 
 


Friday, January 10, 2014

КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ДНЕВНАТА ШМИНКА ?


ДНЕВНА ШМИНКА

Дневната шминка е наменета за секаде и не е упадлива. Исто така наменета е за дневна светлина. За дневна шминка усните треба да бидат добро оцртани, но во еден тон, сенката треба да биде дискретна, а исто така и руменилото за образи. Најдобро е шминкањето да се изведе на дневна светлина т.е. во близина на прозорец.

РЕД НА ПРИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕПАРАТИ ЗА ДНЕВНА ШМИНКА

  1. Да се исчисти лицето со млеко
  2. Да се исчисти лицето со лосион или тоник
  3. Да се извади шминка со хартиена палома
  4. Употреба на основен крем
  5. Употреба на FOND DE TEINT ( основа за шминка, односно изедначување на тенот )
  6. Руменило
  7. употреба на пудра
  8. Се наквасува лицето со влажна вата, заради фиксирање и прозрачност, се употребува палома за вадење на вишокот со благо притискање на лицето без триење.
  9. Се четкаат веѓите и трепавиците
  10. Се цртаат очите и се става маскара
  11. Се цртаат веѓите и усните
  12. Се става кармин
И на крајот не заборавајте ! 
Шминката треба да разубави, а дневната шминка треба да биде дискретна !

СЕ ИМА СВОЈА УБАВИНА, НО НЕ СЕКОЈ МОЖЕ ДА ЈА ВИДИ !

                                                                                            - CONFUCIUS -
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Friday, January 3, 2014

КАКО БАДНИКОВАТА ВЕЧЕРА И БОЖИЌ ДА ГИ ПОМИНЕТЕ ВО СВЕЧЕН ДУХ ?



БАДНИКОВАТА ВЕЧЕРА И БОЖИЌ ПОМИНЕТЕ ГИ ВО ТОПЛА ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА

Јануари е исполнет со празници, но денот на Христовото раѓање има особено значење за сите нас и не прави посебно среќни. Божиќ е празник кој за нас христијаните претставува радост. Бадниковата вечера и Божиќ се прославуваат во топла семејна атмосфера, а украсувањето на домовите допринесува да се почувствува свечениот дух. Бадниковата вечера е посна и се подготвуваат посни јадења. На бадниковата трпеза треба да се најдат црвено вино, суво овошје, зелник, риба, посна сарма, костени, ореви и др. Исто така треба да има бадниково гранче, жито, гранче дрен, кои се симболи на Бадник и Божиќ.
  

Некогаш бадниковата вечера се поставувала на подот со слама и жито, додека денес Бадниковата вечера се поставува на трпезариска маса, а сламата и житото се ставаат под неа. Со помош на вашата креативна фантазија можете да направите убави декорации со симболите на Бадник и Божиќ. Сламата претставува симбол кој ги претставува јаслите на кои е положено Христовото тело по неговото раѓање. Од сламата можете да изработите пригодни аранжмани во вид на корпи или да направите гнезда кои можете да ги ставите на разни места во домот. Во овие корпи, односно гнезда ставете ги симболите на Бадник и Божиќ, како што се : жито, ореви, костени, лешници, суво овошје и сл. Можете да додадете и шишарки, а бадниковото гранче да го украсите со црвена машничка. Гранчето дрен симболизира добро здравје, еластично е, па можете лесно да го свиткате и да направите венче кое ќе го поставите на вратата од вашиот дом. Исто така потребно е на трпезариската маса да поставите свеќа која можете исто така да ја декорирате со гранче од дрен и слама, а пламенот од свеќата ќе и даде посебен сјај на Бадниковата вечера.

На крајот ви посакувам претстојниот голем христијански празник Божиќ да го поминете во пријатна и топла семејна и празнична атмосфера !

СРЕЌЕН БОЖИЌ !