ПЛИВАЊЕТО ЦАР НА СПОРТОВИТЕ !
Ако треба да се избира кој спорт или физичка активност најдобро влијае на целосниот човечки организам, тогаш сигурно на прво место ќе биде пливањето. Ги активира сите мускули на телото го зајакнува кардиоваскуларниот систем го подобрува дишењето, но влијае и на психата. Ова се само неколку позитивни примери за да се почне што порано со овој спорт, па дури и рекреативно.Пливањето се смета за едно од најтемелните облици на важбање. Ги активира сите делови на телото, рацете, нозете, градниот кош, задникот. На овој начин телото станува поиздржливо, а така се забавува и неговото стареење.
Покрај пешачењето со брзи чекори, пливањето е спорт кој најмногу се препорачува. Придонесува за подобра општа кондиција на организмот, влијае и на периферната и централната циркулација, психички опушта, но влијае и на правилен развој и држење на телото особено кај децата кои се во развој и се соочуваат со деформитети на р'бетниот столб.
Пливањето е и вистински избор за оние што сакаат да ослабнат, бидејќи се смета за спорт со кој се губат најмногу калории. За само еден час пливање може да се согорат и до 750 калории.
- Ги зајакнува мускулите на целото тело
- Го штити кардиоваскуларниот систем
- Го подобрува снабдувањето на срцето и белите дробови со кислород
- Го опушта нервниот систем
- Го подобрува движењето на зглобовите
- Троши калории и влијае на слабеењето
ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !
ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ