Monday, June 16, 2014

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД СОНЦЕТО ?



ПРАВИЛА И МАЛИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ СОНЧАТЕ И ЗАШТИТИТЕ 
ОД СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ



На плажа, во текот на сончањето, поздраво, покорисно, а и поефтино е да нанесете на кожата маслиново масло, отколку да се мачкате со некои скапи и миризливи препарати. Како прво мирисите и штетат на кожата, често препаратите за сончање предизвикуваат алергии, а за цените и да не зборуваме. Освен тоа погрешно е мислењето дека мирисот на маслиново масло тешко се отстранува. Доволно е добро туширање со топла вода и сапун или некое друго средство за туширање, па секој траг од маслиновото масло да исчезне..
Покрај телото и косата можете да ја мачкате со маслиново масло, и тоа додека е влажна. Така косата се храни и се отстранува несаканото дејство од сончевите зраци и од солта, доколку сте на море. 
Се повеќе се пишува и се говори за штетноста од прекумерното сончање. Некогаш се сметаше дека синоним на здравјето е темната исончана кожа, додека најновите истражувања покажуваат дека ултравиолетовите зраци повеќе и штетат, отколку што и користат на кожата. Често дејството на овие зраци е трагично, бидејќи предизвикуваат тешки алергии и рак на кожата. Заради сето ова мора да бидете многу внимателни кога се сончате. Најпогодно време е рано наутро и доцна попладне, кога зрачењето е најслабо. Ако и покрај тоа се здобиете со изгореници и црвенило, покрај препаратите од аптека, за ублажување на тегобите може сосема добро да ви послужи киселото млеко, талк или сода бикарбона разматена во вода.
И на крајот, не заборавајте дека човечкиот организам во поголемиот дел е составен од вода. Заради тоа, особено, на лето, кога повеќе се потиме и така губиме течност, доаѓаме во опасност организмот, а посебно кожата да ги лишиме од оваа неопходна течност. Совет кој може да се даде за летните жешки денови е да земате што повеќе течности, особено вода, незасладени благи чаеви или сокови. Избегнувајте ги газираните пијалоци. Како прво, секое утро напијте се чаша млака вода, што необично е добро за варењето, а со самото тоа и за целиот организам. Во текот на денот, помеѓу оброците пијте што повеќе вода. Доколку сте на диета, па ве обземе неиздржлива глад, испијте чаша вода или млак чај.

Бидете внимателни со сонцето и имајте убав и незаборавен летен одмор !


ЗАТОА НЕ ЧЕКАЈТЕ !

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ ОВИЕ МАЛИ СОВЕТИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ